Утрински Весник
Македонија

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки

Pozari.jpg

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.

Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро.


-За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП “Македонски Шуми”, при што на едниот му беше дадена кислородна поддршка, а другиот беше пратен во Општа болница Струмица за понатамошна помош. Во текот на денешниот ден приоритет е заштитата на селата Марвинци и Балинци и секако после тоа се останато – објави Михаилов.

Додаде дека денеска четири подружници на „Македонски шуми“ ќе пратат уште 25 работници со возила и соодветна опрема, кои ќе се приклучат на екипити за гаснење на пожарот.

Инаку, според утринската информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), покрај пожарот меѓу селата Грчиште и Марвинци, во овој регион има пожар и во Општина Богданци, на потегот од браната Паљурци до Богданци, каде гори ниска вегетација и грмушки.

Можете да прочитате

Професорката Ванковска ја нападна претседателката Силјановска околу војната во Газа

Левица го прашува градоначалникот Стефковски колку илјади евра чинат неговите часовници и облека додека народот нема за леб

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос