Утрински Весник
Македонија

Пожарникари спасувале 78-годишна велешанка по директен судир со камион

Brza Pomos 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22 часот на улицата „Пенчо Давчев“ во велешката населба Речани пред Управна зграда на ЈП „Македонија пат“. Во директен судир на автомобил и камион, повредена е 78-годишната С.Ш., која од возилото ја извадиле велешките пожарникари, информира за МИА, од СВР Велес, портпаролот Билјана Ѓаковска.

На повредената и била укажана прва помош од екипата на Итна помош и била однесена во Ургентниот центар во Општа болница во Велес. Лекарите по извршените прегледи констатурале фрактура на пршленско тело. Повредењната е надвор од животна опасност, но е задржана во Одделението за ортопедија и трауматологија во болницата на понатамошно лекување.

Во 22:10 часот повик за несреќата примила Службата за Итна помош на Здравствен дом Велес. Екипа составена од лекар и медицинска сестра излегле на терен, информираа од Итната медицинска помош Велес. Појаснуваат дека повредената 78 годишна жена С.Ш. од возилото ја извадиле велешките пожарникари.

Како што информира началник д-р Василка Поп Стефанова Панова, во судар на автомобил со камион повредена е жена родена 1946 година. Пациентката била затекната во автомобилот со болки во слабинскиот дел на кичмата и затворена повреда на главата.

Беше побарана асистенција од Територијалната противпожарна единица Велес. По пристигнувањето на пожарникарите повредената пациентка беше извлечена од автомобилот. На лице место и беше укажана лекарска помош и по направена мобилизација со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општа болница Велес за понатамошно иследување, појасни д-р Поп Стефанова Панова.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари