Утрински Весник
Свет

Пожарникар осомничен за подметнување пожар во сместување за бегалци во Германија

Пожарникар осомничен за подметнување пожар во сместување за бегалци во Германија

Германската полиција успеа да влезе во трага на лицето кое пред четири недели подметна пожар во сместувањето за бегалци од Украина, во градот Грос Шремкендорф кај Визмар. Според информациите, се работи за 32-годишниот Ник П. кој е пожарникар во општина Бловац.

dobivaj vesti na viber

Според весникот „Билд“, пожарникарот поради неговите постапки не бил цел на безбедносните органи.

Истражните органи сега анализираат дали има поврзаност со серијата подметнати пожари во овој дел на Германија.

Уште на 19 октомври кога избувна пожарот во сместувањето за бегалци, полицијата претпоставуваше дека станува збор за подметнување пожар од политички причини, бидејќи само неколку дена пред пожарот на влезот беше испишана нацистичка свастика.

Инаку, една недела претходно имаше голем број пожари во тој регион.

Можете да прочитате

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка