Утрински Весник
Скопје

Пожарна не може да пристапи од непрописно паркираните возила, жителите панично бараат помош – драматични снимки од пожарот кај Кисела Вода

Pozhar.png

На видеата кои ги објави ТВ21 може да се види како пожарната не може да пристапи до запалениот Расадник во општина Кисела Вода од непрописно паркираните возила. Жителите панично бараат помош.

Пајак службата ги отстранува возилата кои се непрописно паркирани и оние кои пречат на пожарната да стигне до пожарот.

Наставата во основното училиште Круме Кепески е прекината, родителите добија порака да ги земат своите деца.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Пламените јазици се близу станбените згради што се наоѓаат близу Расадник.

„Во овој момент беснее шумски пожар во расадникот. Горат ореови дрвја грмушки и трева, пожарот се шири во сите насоки. Има екипи од скопските пожарникари. Околните објекти верувам ќе бидат заштитени. Има бензиска пумпа во близина, а во близина се и зградите во Кисела Вода, пожарот се шири на сите страни. Нема потреба од вознемиреност без разлика од густиот и црн чад, верувам дека пожарникарите ќе го изгаснат овој невообичаен и апсурден пожар“, рече Стојанче Ангелов директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Можете да прочитате

Левица: Нетранспарентноста на Орце достигна ново ниво – нема снимка од советничките прашања, има само од монодрамата на градоначалникот

Во недела изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон

Утре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“