Утрински Весник
Македонија

Пожари на отворено има и покрај студот, се гаселе запалени оџаци, 1.642 повика за итни случаи

112

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.642 повика на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,61 отсто, а 1,95 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 42,19 отсто, кон Итната медицинска помош – 45,70 проценти, кон пожарникарите 10,16 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. – Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,95 отсто со другите 1,95 проценти што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање, наведуваат од ЦУК.

Нивните податоци покажуваат дека и покрај студените температури, пожари на отворено сѐ уште има, особено за викендите.

– Пожарникарите од Македонска Каменица, од Берово при два случаја и од Скопје при четири случаи имале такви интерванции.

Ваквите пожари на отворено, покрај тоа што ја загрозуваат околината, особено го загрозуваат квалитетот на амбиенталниот воздух во подрачјата каде што е веќе загаден, како што е Скопската котлина.

Паралелно, пожарникарите во државата интервенирале и на повеќе пожари во населените места, при што дел од слични пожари во населени места биле заради запалени оџаци, што оваа грејна сезона се многу чести, а се потенцијална опасност за опасни поголеми пожари.

ЦУК алармираше да се чистат превентивно оџаците согласно препораките на пожарникарите, па макар и сега во зимската грејна сезона. Запалени оџаци вчера гаснеле во Тетово, Штип,  Охрид и Битола.

Во последните три деноноќија имаше и три регистрирани излизгувања на возила и заглавувања, секое деноноќие по едно – на Пониква, на Галичица и вчера кај Брана Водоча во Струмичко, појаснуваат од ЦУК.

Според податоци од Регионалниот ЦУК Струмица, околу пладне била добиена пријава од граѓанин за излетано возило од патот, на патниот правец од градот кон Брана Водоча.

– Веднаш биле известени МВР и ТППЕ Струмица. Тие излегле на терен и констатирале дека се работи за излетано возило надвор од патот во длабочина од пет метри.

Луѓе немало во и околу возилото, се барале и било констатирано дека имало две лица, коишто, за среќа, не биле повредени.

Двете лица го напуштиле местото на настанот и не го пријавиле сами и навреме случајот. Излизганото возило од долот длабок пет метри, вчера попладне било извлечено, наведуваат од ЦУК.

Скопските пожарникари вчера со еден тим гаснеле запалена електрична инсталација на улицата „Пекљане“ број 1А во општина Ѓорче Петров.

Едно лице имало гушење од чад, тоа било евакуирано и безбедно пренесено во болница.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме