Утрински Весник
Балкан

Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Grcija Pozar1.jpg

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција.

Оваа земја секоја година е жртва на пожари, а оваа година се очекува ситуацијата да биде уште понапната поради најблагата зима досега забележана во Грција, како и најраниот топлотен бран, со температури кои веќе достигнуваат до 44 степени целзиусови.

Два големи шумски пожари беснееја вчера вечер во Атика, регионот во кој се наоѓа грчката престолнина, а на жителите од најмалку осум области во близина на Атина им било кажано да се евакуираат.

Телевизискиот канал „Ерт“ објави дека 45-годишен маж починал од срцев удар додека се обидувал да избега од пламените јазици во Стамата, северно од Атина, каде биле забележани ветрови со брзина поголема од 70 километри на час.

Вчерашниот ден беше „најтешкиот ден со кој се соочија пожарникарите оваа година“, изјави за новинарите портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракогианис.

Во Кератеа, јужно од главниот град, пожарот што избувнал околу 13 часот зафатил автомобили и куќи, од кои најмалку четири биле целосно уништени, јавува Ертњуз.

„Ситуацијата е многу тешка бидејќи сè уште дува силни ветрови“ со брзина поголема од 60 км/ч, а „местата каде што избувнуваат се многубројни“, изјави за агенцијата АНА градоначалникот на Лавреотики, Димитрис Лукас.

Тој рече и дека воздушната база во близина во моментов не е загрозена.

Ден претходно во истото подрачје веќе избувнал пожар, но бил ставен под контрола. Пожарот ја зафати и индустриската зона Рикона на островот Евбеја, која се протега на речиси 160 километри долж Егејското Море.

Можете да прочитате

Екс припадник на ОВК уапсен во Македонија – Белград бара екстрадиција, Приштина ослободување

Дачиќ очекува од Македонија да го екстрадира Рамадани

Српската полиција ја опколи Лозница, се трага по напаѓачот на полицајците