Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пожар во затвор во Тексас: пламените јазици ги зафатија поткровјето и третиот кат, евакуирани се 650 затвореници

Пожар во затвор во Тексас: пламените јазици ги зафатија поткровјето и третиот кат, евакуирани се 650 затвореници
Img 7972

Поради пожарот што утринава избувна во затвор во американската држава Тексас, евакуирани се повеќе од 650 затвореници, но нема повредени, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Затворениците беа преместени во други делови од затворот во Хантсвил, околу 105 километри северно од Хјустон, изјави Аманда Хернандез, портпаролка на Одделот за кривични санкции во Тексас.

Пријавено е дека пожарот ги зафатил поткровјето и третиот кат од управната зграда и поткровјето на одделението во кое се сместени затворениците.

Пожарот бил локализиран во текот на утрото, но пожарникарите „сè уште гаснат мали пожари во некои области“, рече шефот на противпожарната служба Хантсвил.

Причината за пожарот ќе биде истражена откако ќе биде целосно изгаснат, рече Хернандез.

Затворот Хантсвил стар 174 години е изграден во 1849 година и има капацитет за 1.700 затвореници, додека во моментов казната ја отслужуваат околу 1.600 луѓе.

Во затворот се извршуваат смртни казни за осудените затвореници.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД