Утрински Весник
Свет

Пожар во станбена зграда во Кина, загинаа 10 лица

Пожар во станбена зграда во Кина, загинаа 10 лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главен град на западната кинеска област Ксинџијанг, јави државната телевизија CCTV.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, причина за пожарот, кој избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен дистрибутер, пренесува Ројтерс.

Девет од повредените се задржани во болница поради вдишување чад, но нивните животи се надвор од животна опасност, соопшти CCTV.

Ова е втор смртоносен пожар во Кина во изминатите неколку дена.

Во пожар во фабрика во централниот кинески град Ањанг оваа недела загинаа 38 луѓе.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски