Утрински Весник
Свет

Пожар во Пакистан, десет лица загинаа, меѓу кои шест деца

Пожар во Пакистан, десет лица загинаа, меѓу кои шест деца

Во пожарот што рано утринава зафати куќа во градот Лахоре на истокот на Пакистан загинаа 10 лица, меѓу кои шест деца, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Две жени, двајца мажи и шест деца на возраст меѓу шест и 16 години ги загубија животите, изјави заменик генералниот инспектор на полицијата во Лахоре, Али Наси, пренесе Асошиејтед прес.

Тој рече дека причината сè уште не е утврдена, но полициските иследници се сомневаат дека краток спој го предизвикал пожарот во преполната станбена зона Бати Гејт. Премиерот на земјата Ер Шехбаз Шариф во соопштение изрази длабока тага поради загубата на животи.

Детекторите за чад и другите технологии кои можат да ја подобрат безбедноста од пожари во станбените згради не се користат вообичаено во Пакистан, а пожарите во домовите и другите јавни простори, како што се трговските центри, се вообичаени.

Можете да прочитате

Украински дрон ја погоди нуклеарната централа Запорожје, МААЕ загрижена

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот