Утрински Весник
Свет

Пожар во Далмација: гори во близина на Трогир

Пожар во Далмација: гори во близина на Трогир

Околу 10 часот утринава голем пожар избувна кај Близна Горња во областа Трогир во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Противпожарниот оперативен центар на округот Сплит информира дека на теренот има повеќе пожарникари, а на местото на пожарот пристигнале и воздухопловните сили.

„Во гаснењето на пожарот учествуваат трактори и канадери. Теренот е многу тежок и непристапен“, велат пожарникарите.

Се запалија тревата и вегетацијата, а зградите во моментот не се загрозени, пренесува „Индекс.хр“.

Медиумот потсетува дека пред неколку дена пожар избувна и недалеку од Шибеник. Притоа две семејства биле евакуирани, а пожарот зафатил и станбени згради.

Можете да прочитате

Човекот на Трамп им се заканува на медиумите со одземање дозволи: „Сакаат да ја изгубиме војната со Иран“

Мерц сака руските војници да имаат забрана за влез во ЕУ

Дел од јавноста изрази загриженост за здравјето на Трамп