Утрински Весник
Свет

Пожар во Австралија, повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани, температури над 40 степени

J 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во југоисточна Австралија, во државата Викторија, на повеќе од 2.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат откако  пожарот на ниско ниво излезе од контрола.

Националната служба за итни случаи ги повика жителите во градовите Раглан и Бофор, како и оние во околните области, да се евакуираат на исток до блискиот регионален центар Баларат, 95 километри западно од Мелбурн. Северозападно од Баларат гори околу 50 квадратни километри земја, додека температурите се над 40 степени Целзиусови, објави Ројтерс.

Премиерката на Викторија, Џасинта Алан рече дека повеќе од 1.000 пожарникари се вклучени во пожарот, поддржани од 24 авиони и повеќе од 100 возила. Официјални лица рекоа дека не е пријавена материјална штета.

Метеоролозите  издадоа предупредување за пожар во неколку области во државата Викторија. Пожарите западно од Баларат се очекува да се шират до полноќ поради топлина и ветер.

Можете да прочитате

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво

Северна Кореја тестираше ракета со долг дострел земја – воздух

Папата Лав XIV присуствуваше на божиќната миса во базиликата „Свети Петар“