Утрински Весник
Македонија

Пожар кај велешката болница: Брза интервенција спречи ширење на огнот

Img 8852.jpeg

Вечерва во Велес бил пријавен пожар во гаража на улицата „Самоборска“ број 7, во близина на Заразното одделение при Општата болница, информираа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес.

На местото на настанот веднаш интервенирала екипа составена од четворица пожарникари со едно противпожарно возило. По пристигнувањето, пожарникарите затекнале пожар во развиена фаза, кој веќе зафатил патничко моторно возило во гаражата.


Со брза и навремена интервенција, пожарот бил успешно локализиран и целосно изгаснат од страна на ТППЕ Велес.

Според првичните информации, во пожарот нема повредени лица, а причините за избувнувањето ќе се утврдуваат дополнително.

Можете да прочитате

„Не смееш ни да се разболиш“ – Атовска за суровата реалност на военото известување

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално