Утрински Весник
Македонија

Пожар беснее над дебарското село Татар Елевци

Pozar425.jpg

Пожар беснее над дебарското село Татар Елевци, а чадот се чувствува и во целиот град.

– Станува збор за недостапен, стрмен предел, под падините на планината Дешат. Локацијата е истата каде што неодамна имаше голем пожар, над селото Татар Елевци, кој поради ветрот се движи кон селото Горно Рајчица и Горно Косоврасти. Пожарот до сега зафати над 20 хектари нискостеблеста шума и сува трева – рече за МИА Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.

Тој додаде дека во гаснењето учествуваат дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и месно население.

– Со максимално залагање опасноста по куќите во селото Татар Елевци е избегната. Се прават напори пожарот да се стави под контрола – посочи Ајроски.

Минатиот пожар зафати над 30 хектари нискостеблеста шума и трева а по три дена од избувнувањето, на 8 месецов, во гаснењето се вклученија и два „ер трактори“, кои со вода се снабдува од Дебарско Езеро.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите