Утрински Весник
Македонија

Повторно почувствуан земјотрес во Македонија

Zemjotres.png

Утрово повторно е почувствуван земјотрес на територијата на Македонија.

Утрово во 7 часот и 23 минути Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрирал земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2.


Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можете да прочитате

Мерко денеска цел ден во судница – закажани четири судења против струшкиот градоначалник

МОН со честитка за Меѓународниот ден на образованието: Да создадеме здрав и квалитетен воспитно-образовен систем

СДСМ: Дали РЕК Битола е пред целосен колапс?