Утрински Весник
Свет

Повторно отруени девојчиња во училишта во Иран

Повторно отруени девојчиња во училишта во Иран

Десетици девојчиња се отруени денеска во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми. Од крајот на ноември, бројни училишта, претежно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле во болница.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Националната анкетна комисија за случајот, пратеникот Хамидреза Каземи, вчера изјави дека нивниот конечен извештај ќе биде објавен „за две недели“.

Најмалку „60 ученички се отруени денеска во женско училиште во Хафткел во југозападната провинција Кузестан, објави новинската агенција Ирибњуз, цитирајќи локален официјален претставник.

Ученички се затруле и во „пет училишта во Ардабил на северозапад“, а имале „симптоми на вознемиреност, отежнато дишење и главоболки“, додал истиот извор.

Во Урмија, главниот град на провинцијата Западен Азербејџан во северозападниот дел на земјата, „неодреден број“ ученици од основните училишта, исто така, биле затруени од „истекување на гас“, објави новинската агенција Илна.

Според официјалните податоци од 7 март, „повеќе од 5.000“ деца биле затруени во повеќе од 230 училишта во 25 провинции од 31.

Труењата престанаа на почетокот на март откако беше објавено дека се уапсени стотина лица, но продолжија три месеци подоцна.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи повика на „строги казни“, до смрт, за оние кои се прогласени за одговорни за труењата, нарекувајќи ги „непростливи злосторства“.

Ученичките беа отруени поради протестите во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната Иранка од курдско потекло Махса Амини во притвор поради наводно кршење на строгиот кодекс на облекување за жените.

Повеќемесечните протести поттикнати од смртта на Махса Амини се најголемата криза со која се соочи Иран во последните децении, а повеќе од 500 демонстранти беа убиени во судирите со полицијата.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата