Утрински Весник
Македонија

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

Image 2025 07 11 120335545.png

Поради боледување на одбраната на еден од обвинетите лекари во случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег денеска во Основниот суд во Струга повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето на тројца вештаци.

Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, кој трае околу три години, ќе продолжи од септември, а делото застарува на почетокот од идната година. Претходно, судот чекаше 10 месеци за изработка на супер вештачење, по што побара презентација на извештајот од страна на вештаците од судско медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Потоа еден од обвинетите го промени бранителот, кој побарал од судот време да го разгледа случајот, за што беше одложено рочиштето. По истекот на седумдневното боледување на бранителот на обвинетиот, кое, како што информира судечкиот судија Јордан Јованов, трае до 15 јули, почнува судската ферија, и рочиштето ќе биде закажано за од септември, по завршување на годишните одмори на судовите.


Јованов појасни дека по сослушувањето на вештите лица, одбраната треба да се произнесе по што очекува разрешница на случајот.

Истиот адвокат го застапува и градоначалникот Рамис Мерко, што беше причина за одлагање и за денешната расправа против него за незаконско поставување на Албана Жута за в.д. директор и директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ иако не исполнувала услови, односно не била назначена од редот на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик.

Можете да прочитате

ЦУК објави мапа – делови од државата се под висок ризик од пожари

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден