Утрински Весник
Свет

Повторно нема да се формира влада во Бугарија, вели лидерот на националистичката партија „Преродба“

Повторно нема да се формира влада во Бугарија, вели лидерот на националистичката партија „Преродба“

Лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов на брифинг во Варна денеска за бугарските медиуми изјави дека според него повторно нема да се формира влада бидејќи тоа ќе доведе до тешки изборни последици за партиите учеснички во таквата влада.

dobivaj vesti na viber

„Ниту ГЕРБ нема да биде поштедена, бидејќи, верувајте, колку и да се контролира гласот во оваа партија, сепак има дел од луѓето кои не сакаат да си имаат работа со групација како коалицијата Сорос-Донос. Во овој конкретен случај, има две опции – или ќе извршат групно политичко самоубиство од големи размери, што е без преседан во нашата понова историја, или ќе одиме на нови избори“, рече Костадинов, а пренесува бугарсиот печат.

Костадинов повтори дека поради буџетскиот дефицит што го зацрта преодната влада, Бугарија нема да биде примена во еврозоната.

„Со овој дефицит треба да заборавиме на секаков влез во еврозоната во следните неколку децении. Тоа се егзотични, штетни идеи и што е најважно, експерименти со многу тешката состојба на јавните финансии во земјата“, рече Костадинов.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами