Утрински Весник
Балкан

Повреден е премиерот на Република Српска во тешка сообраќајна несреќа со две возила и камион

31 1.webp.webp

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и уште две лица се повредени денеска во сообраќајна несреќа на главниот пат кај местото Тишча во близина на Шековиќ и никој од нив не е во животна опасност, потврдија за Срна од полициската управа Зворник.

Повредените се упатени во надлежните здравствени установи.

Во сообраќајната незгода учествувале две патнички возила, од кои едното возило на заштитено лице.

Сообраќајот на споменатата патна делница поради увид во моментов е во прекин, пренесе Информер.

Можете да прочитате

„Сан“: Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа

Ердоган се сретна со делегација на Хамас во Истанбул