Утрински Весник
Свет

Повеќето од приведените лица на протестот против воената мобилизација во Москва се новинари

Screenshot 2024 02 03 171226.jpg

Руската полиција денеска во центарот на Москва приведе неколку десетици лица, поради учество на протест против воената мобилизација за потребите на војната во Украина. Порталот ОВД-Инфо, кој известува за слободата на собирање во Русија, наведува дека најмалку 27 членови на група која собира сопруги на мобилизирани војници биле приведени од полицијата во близина на Кремљ додека лежеле на цветната уличка во близина на споменикот на Непознатиот војник, пренесува Ројтерс. Како што се додава, повеќето од уапсените се новинари. Некои од уапсените подоцна беа ослободени.

Можете да прочитате

Масовни руски напади врз Киев и Одеса

Зеленски: Испративме двајца заробени севернокорејски војници во Јужна Кореја

Новите руски дронови ја менуваат војната: Украина соборува само околу 60 отсто од нападите