Утрински Весник
Спорт

Повеќекратните шампиони Камаз „патриотски“ се повлекоа од Дакар релито

Повеќекратните шампиони Камаз „патриотски“ се повлекоа од Дакар релито

Рускиот тим Камаз-Мастер нема да учествува на Дакар релито 2023 откако отфрлија можност да потпишат документ со кој според нив значео „откажување“ од сопствената земја. Првпат по 24 години, славното Дакар рели ќе биде без руско учество, откако Камаз-Мастер оствари 19 титули во конкуренција на камиони.

dobivaj vesti na viber

„Учествотото на руските возачи на Дакар релито е уценето со потпишување на документ од Светската автомобилистичка федерација (ФИА), со кој треба да се осуди руската специјална операција во Украина. Според нас, содржината на овој документ е политичка и ги нарушува принципите на еднакво учество. Невозможно е ние да потпишеме документ под такви услоови. Нашиот избор е јасен, ја поддржуваме Татковината, посебно кога е во тешка ситуација“, велат од тимот.

Претходно, Сергеј Карјакин, шампионот од 2017 година, изјави дека би сакал да се натпреварува, но дека нема да потпише таков документ.

„Ова е барање на ФИА, кои беа најгласни за држењето на политиката надвор од спортот, но реално, се работи за двојни стандарди. Тоа парче хартија вели дека не треба да го поддржуваме нашиот претседател, специјалната операција и дека ги сметаме активностите на нашата земја како деструктивни“, изјави Карјакин.

Еден од тркачите, сепак, ќе учествува на Дакар релито – Константин Жилцов, откако ја смени националноста од руска во израелска. Дакар релито почнува на 31 декември во Саудиска Арабија.

Можете да прочитате

Кристијано Роналдо доби спор против Јувентус, еве колку пари треба да му плати славниот клуб

Филаделфија избори плејофот – 24info.mk

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол