Утрински Весник
Свет

Повеќе од 6.000 британски национални херои ќе маршираат низ Лондон за крунисувањето на Чарлс

Повеќе од 6.000 британски национални херои ќе маршираат низ Лондон за крунисувањето на Чарлс

Повеќе од 6.000 британски национални херои ќе маршираат низ улиците на Лондон за време на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, што е најголемата воена парада од крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година, објави „Сан“.

dobivaj vesti na viber

На церемонијата ќе учествуваат повеќе од 6.000 припадници на морнарицата, армијата и воздухопловните сили, а ќе присуствуваат и членови од 30 земји од Комонвелтот.

Воените бродови ќе испукаат 21 салва кога Чарлс ќе биде крунисан, а 60 авиони ќе летаат над Вестминстер. Околу 4.000 ветерани и работници на Националната здравствена служба (NHS) ќе седнат во првите редови на Бакингемската палата.

Во Хајд Парк, Грин Парк и Сент Џејмс Парк ќе бидат поставени големи ТВ екрани, додека се проценува дека повеќе од 100.000 луѓе ќе излезат на улиците на Лондон.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас рече дека „може да биде горд на професионалноста и прецизноста на британските вооружени сили додека го пречекуваат новиот врховен командант“.

Премиерот Риши Сунак истакна дека е исклучително горд што британскиот „величествен воен персонал се подготвува за вековната воена традиција“.

Можете да прочитате

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините

Германија и нејзините сојузници работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара