Утрински Весник
Балкан

Повеќе од 40 приведени во операција против „Исламска држава“ во Турција

20240501130241 Big 730x400 23.webp.webp

Повеќе од 40 лица се приведени во Турција за време на операција против „Исламска држава“, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Акциите биле спроведени на територијата на 12 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Истанбул, Ескишехир, Каракале, Невшехир и Маниса.

Тие биле извршени од страна на окружните полициски служби под координација на разузнавачките и антитерористичките сили на Генералниот директорат на полицијата.

Како резултат на операциите уапсени се вкупно 41 осомничен, од кои 10 во Истанбул. Запленети се пиштоли во нелегална сопственост, бројни дигитални материјали и поголема количина девизи и турски лири.

Можете да прочитате

Амбасадата на САД во Тирана со предупредување до американските граѓани во Албанија

Дипломатски пресврт: Италијанскиот министер ја откажа посетата во Србија пред полетување

Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата