Утрински Весник
Свет

Повеќе од 2.000 тони британска помош во храна пристигна во Газа

Gaza 1.jpeg

Најголемата британска испорака на помош за Газа влезе во палестинската енклава, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

Повеќе од 2.000 тони прехранбена помош, која влезе во Газа преку Јордан, беше дистрибуирана од Светската програма за храна на Обединетите нации и е наменета за „повеќе од 275.000 луѓе“, соопшти Министерството, пренесе Си-Ен-Ен.

Покрај испорачаните 2.000 тони помош во храна, се вели дека УНИЦЕФ дистрибуира 150 тони помош финансирана од Британија, вклучувајќи шатори и ќебиња, кои беа испратени на 13 март.

Можете да прочитате

Војната против Иран го чини Вашингтон 3,7 милијарди долари во првите 100 часа

Трамп: Нема потреба од копнена инвазија врз Иран

Се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија