Утрински Весник
Свет

Повеќе фаворити за Нобеловата награда за мир: Во обложувалниците води Зеленски

Повеќе фаворити за Нобеловата награда за мир: Во обложувалниците води Зеленски

Добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде објавен денеска во 11 часот во Осло, Норвешка.

dobivaj vesti na viber

Наградата за мир е една од шесте награди воспоставени од шведскиот хемичар Алфред Нобел во 1895 година. Наградата се смета за најсеопфатна во однос на нејзиното признавање, имајќи предвид дека се доделува на луѓе „кои му донеле најголема корист на човештвото“.

Норвешкиот Нобелов комитет ја чува листата на номинации во строго чувана тајна, но се знае дека на неа има 343 имиња, вклучувајќи 251 поединец и 92 организации.

Тие шпекулираат дека наградата би можела да ја добијат критичарите на рускиот претседател Владимир Путин, активистите за климата, па дури и никој да не ја добие наградата поради војната во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски е фаворит во обложувалниците, но според експертите, неговите шанси се минимални.

Сепак, има и такви кои мислат дека комитетот не може да ја игнорира војната што доминира во светските вести од почетокот на годината.

Покрај Зеленски, фаворити се и белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја, затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и Светската здравствена организација.

Можете да прочитате

Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД

Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите