Утрински Весник
Магазин

Повеќе докази дека ќерката на Моника Белучи, Дева, е следната голема работа во манекенството

Повеќе докази дека ќерката на Моника Белучи, Дева, е следната голема работа во манекенството
Ss2

Како ќерка на италијанската дива Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, не е чудно што 18-годишната Дева Касел сега е на својот пат кон славата.

dobivaj vesti na viber

Дева се впушти во манекенските води каде станува сè поуспешна.

Ss1

Како модел, таа дебитираше на 14 години, во кампања за парфеми „Долче и Габана“, а четири години подоцна, нејзината кариера на модните писти зема сè поголем замаф.

Дева беше фотографирана додека снима реклама за долна облека од тантела на брендот „Долче и Габана“ кај барокната Фонтана ди Треви во Рим претходно неделава.

Сличноста со нејзината мајка, една од најубавите жени на светот, е очигледна благодарение на темните кадрици и шминка кои го отсликуваат препознатливиот изглед и безвременска убавина на Моника од 90-тите.

Нејзиниот шарм е совршен спој на убавината на Моника Белучи и магнетизмот на Винсент Касел.

И Моника ја започна својата кариера како модел и муза на модното дуо Долче и Габана, па затоа често Дева ја споредуваат со мајка ѝ.

„Во моментов сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница на која присуствувам. Не би ми пречело да се обидам да глумам. Мислам дека навистина би уживала во тоа, но знам дека тоа е тешка професија чие усовршување бара многу време и многу лични вложувања,“ изјави таа неодамна во интервју за магазинот Glass.

„Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да глумам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам, поради што бев многу отворена во различни домени.“

Дева ќе глуми во претстојната италијанска серија „Леопард“, која ќе се емитува на „Нетфликс“. Станува збор за серија инспирирана од филмскиот класик во режија на Лучино Висконти, кој освои „Златен лав“ во 1963 година. Во тој филм глумеа Клаудија Кардинале, Ален Делон и Берт Ланкастер.

Во серијата од шест епизоди, сместена во позадината на социјалната револуција во Сицилија во 1860-тите, Дева ќе ја портретира Анџелика Седара (која ја глумеше Клаудија Кардинале во оригиналниот филм), млада жена од средната класа која станува катализатор на општествените превирања.

 

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат