Утрински Весник
Скопје

Повеќе делови од Скопје вечерва 8 часа ќе останат без струја

Struja 1.jpg

Делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово вечер, од полноќ до 8:00 часот, ќе останат без струја.

Како што објави Општина Аеродром на Фејсбук, прекините се поради планирани технички зафати.

Без снабдување со електрична енергија вечер, од 1:30 до 9:00 часот ќе бидат селата Арачиново, Орланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, делови од Јурумлери, населба Гоце Делчев, Сингелиќ, Маџари и Керамидница.

Во период од 8:00 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Орман, а од 8:00 до 15:00 часот дел од корисниците од кружниот тек кон патот за село Кучково, општина Ѓорче Петров.

Без струја утре од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Никола Малешевски“ зграда бр.39 во општина Чаир, а од 8:00 до 11:00 часот корисниците од улицата „Ферид Бајрам“ од бр.20 до бр.28 во општина Бутел.

Како што соопшти РЦУК, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: По децении чекање, почнува реконструкцијата на „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба

Герасимовски: Ново детско игралиште и вежбалница во Градски ѕид, создаваме катчиња за одмор и рекреација

Од 100 автобуси до нови мостови: Што исполни Ѓорѓиевски за една година од ветувањата за Скопје?