
Кипарските власти трагаат по 56-годишниот руски тајкун Владислав Баумгертнер, поранешен извршен директор на „Уракали“, кој од 7 јануари се води за исчезнат од својот дом во близина на Лимасол, јави дописничката на МИА од Атина.
– Полицијата бара информации што би можеле да помогнат во пронаоѓањето на Владислав Баумгертнер, 56-годишен од Русија, кој од 07.01.2026 година исчезнат од неговото место на живеење во Лимасол, пишува во соопштението од полицијата.
Според медиумите, исчезнувањето го пријавила негова вработена, а во истрагата учествувале припадници на полицијата, одделот за истраги и спасување, волонтери, како и хеликоптер и дрон. Последниот сигнал на мобилниот телефон на Баумгертнер бил забележан во западниот дел на Лимасол и областа Писури. Во минатото, Баумгертнер бил уапсен во 2013 година во Минск и екстрадиран во Москва, а обвиненијата против него биле повлечени во 2015 година. Според „Сајпрус Тајмс“, потоа се вратил на бизнисот и го презел раководството на „Глобал Портс“, живеејќи на Кипар во последните години. Во меѓувреме, Кипарската амбасада објави и смрт на руски државјанин, А.В. Панов, вработен во руската амбасада, кој починал на 8 јануари.
– Неговата смрт е длабоко лична трагедија за неговото семејство и пријателите. На семејството му е пружена сета потребна помош и поддршка. Амбасадата, во соработка со кипарските власти, работи на обезбедување на брза репатријација на неговото тело во неговата татковина, соопштија од амбасадата.

