Утрински Весник
Свет

Потпретседателката на Аргентина за атентатот: Жива сум поради Господ и Богородица

Потпретседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Кирхнер (69), првпат јавно го коментираше обидот за нејзин атентат во Буенос Аирес.

dobivaj vesti na viber

Рекла дека е жива „поради Господ и Дева Марија“.

Таа вели дека папата Францискo ` се јавил ден по обидот за атентат за да ја утеши, пишува Би-би-си.

За време на вчерашната средба со свештениците и монахињите, Кирхнер изјавила дека чувствува дека е жива благодарение на Бога и Дева Марија.

„Ако треба да им се заблагодарам на Бога и на Марија, тогаш треба да го направам тоа опкружен со свештеници“ – изјавила таа и му се заблагодарила и на папата, кој исто така е Аргентинец.

„Папата Франциско ми се јави рано следниот ден. Разговаравме по телефон и тој ми рече дека на актите на омраза и насилство секогаш им претходат зборови на омраза и насилство“, рече Кирхнер.

За обидот за убиство на потпретседателот на Аргентина уапсени се 35-годишен маж и неговата 23-годишна девојка.

Обидот за атентат се случи кога Кирхнер со службена придружба дошла пред нејзината куќа, а 35-годишниот Бразилец – Фернандо Сабаг Монтиел се обидел да пука во неа од непосредна близина, но, пиштолот кој наводно бил наполнет со пет куршуми се закочил.

Можете да прочитате

Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени

Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија

Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО