Утрински Весник
Економија

Потпишување договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW

20250210191351 Big 730x400 13.webp.webp

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе бидат потпишани сепаратните договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW (германска јавна финансиска институција за поддршка на претприемништвото и на малите и средните претпријатија), информираат од Владата.

Појаснуваат дека АД ЕСМ со поволен кредит од германска развојна KfW Банка, почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија.


Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала „Битола 2“ и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци.  Средствата за овие два  проекта во износ од 55,000.000 евра се обезбедени преку заем со државна гаранција потпишана од Министерството за финансии по исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и вклучен грејс период од 5 години.

По потпишувањето, прес-конференција за медиуми ќе одржат премиерот Мицкоски и Мориц Реме, регионален директор на канцеларијата на германската КфВ банка за Скопје и за Приштина.

Можете да прочитате

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања

Дурмиши: Со 11,3 милиони денари ги поддржуваме малите бизниси, занаетчиите и преработувачката индустрија