Утрински Весник
Економија

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се одржа бизнис-форум насловен „До една милијарда и понатаму.“

dobivaj vesti na viber

На панели каде активно учествуваа претставници од стопанските комори, од ресорните институции и бизнис-заедницата на двете држави, со присуство на повеќе од 150 компании, се дискутираше за теми од сферата на енергетиката, инфраструктурата, земјоделството, туризмот, ИТ и индустрискиот развој.

„Оваа година, само во првите три квартали имавме раст од преку 50%, со што трговската размена надмина 700 милиони евра, а проекцијата покажа дека оваа година ќе се надмине и прагот од една милијарда евра“,  потенцираше Османи во своето воведно обраќање.

Таквиот позитивен тренд се случува и покрај фактот што инфраструктурната поврзаност не ја олеснува оваа динамика, но деловните субјекти на двете земји наоѓаат начини да соработуваат. Во таа насока сигурно ќе помогнат и реактивираните меѓуресорски работни групи, за што е договорен календар на активности и средби.

„Пред нас е декада во која нашите проекции се Северна Македонија да го исполни и вториот стратешки приоритет и да стане полноправна членка во ЕУ. Не гледам зошто да не си поставиме амбициозна но остварлива цел: во овој период, оваа една милијарда да ја дуплираме. Тоа не се прави со чекање, ниту само со амбицијата на бизнисите, туку и преку создавање соодветни услови за бизнисот: инфраструктурно и енергетско поврзување; изградбата на пругите, патиштата; отворањето нови гранични премини, поттикнувањето на меѓу граничната соработка итн.“, нагласи Османи.

Во рамките на бизнис-форумот беа потпишани четири договори на компании од двете земји, вредни над три милиони евра.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“