Утрински Весник
Економија

Потпишан нов Колективен договор, 20% покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита

528698173 1073893498202904 3550174486000407885 n.jpg

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, од една страна, и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски, како и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), претставуван од претседателот Јаким Неделков, од другата страна, денес официјално го потпишаа Колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита.

Со овој Колективен договор се овозможува зголемување на платите за 20% за сите вработени, вклучително и за директорите на јавните установи за социјална заштита, што претставува значаен чекор кон подобрување на нивниот материјален статус и мотивација за професионално извршување на одговорните задачи.


Покрај финансиските бенефиции, договорот ги унапредува и правата од работен однос, ги засилува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите.

Ова е признание за трудот, посветеноста и хуманата мисија на сите вработени во системот на социјална заштита. Верувам дека со подобри услови за работа, ќе обезбедиме и подобри услуги за граѓаните!”, истакна министерот Лимани по потпишувањето на Колективниот договор.

Можете да прочитате

Се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, покренати и одредени постапки од инспекциските служби

СДСМ: Над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

ССМ: Гздите лажат кога велат дека ќе се затвореле компаниите ако се покачеле платите