Утрински Весник
Економија

Потпишан Меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина во Македонија и Србија

Потпишан Меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина во Македонија и Србија

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, престојува во официјална посета на Република Србија, како дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата, Бочварски и министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Горан Весиќ, го потпишаа Меморандумот за соработка за интероперабилен електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан.

Со Меморандумот се овозможува граѓаните на двете држави да можат да плаќаат патарина преку електронскиот систем користејќи иста електронска картичка или електронски таг во двете земји.

Ова создава услови за зајакнување на соработката во областа на патниот сообраќај, развој и модернизација на транспортниот систем, подобрување на меѓусебната поврзаност, како и дополнително укинување на административните бариери заради слободно движење на патниците.

Бочварски оствари и работна средба со неговиот колега, министерот Весиќ, на која разговараа за интензивирање на соработката во делот на инфраструктурата помеѓу двете држави.

Во фокусот на разговорот беше и проектот за изградба на железничка станица во Табановце, со која би се подигнале капацитетите на железничкиот систем, би се интензивирало и зајакнало регионалното поврзување, како и отворање на можноста за либерализација на патниот транспорт.

Двете страни се согласија дека процесот Отворен Балкан дава многу можности и дека ваквите средби и разговори носат значајни бенефити и се од исклучително значење за граѓаните на двете земји.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“