Утрински Весник
Македонија

Потпишан Mеморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза” 

2 12 24.jpg

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза”, проф. д-р Изет Зеќири денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза”-Скопје.

„Меморандумот е потврда за нашата подготвеност за заедничка соработка во функција на обезбедување взаемна помош, поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти, планови, активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој, посебно во областа социјалната политика, демографија и млади”, рече министерот Лимани и дополни: „Денешниот потпис претставува само почеток, а соработката која следува ќе биде основа за раст и иновации”.


Со Меморандумот, предвидено е дека соработката помеѓу Универзитет „Мајка Тереза” во Скопје и Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе се остварува преку размена на научни и стручни искуства и знаења; давање на стручни мислења поврзани со социјалната политика на сите нивоа; изработка на ревизии, припрема на проектни решенија и проектна документација; меѓусебна соработка и поддршка во организирање и реализирање на стручни и научни конференции, семинари, тркалезни маси, работилници, летни школи и друго; соработка во реализација на научно-едукативните програми и реализирање на практичната настава за додипломски, постдипломски и докторски студии; поддршка, промоција и подигнување на свеста за улогата на социјалната политика, демографија и млaдите преку заедничка соработка и др.

Можете да прочитате

Шест месеци ни трага ни глас од Злата Јанкова од Свети Николе

Намалена видливост поради магла до 30 метри од село Лисец до Попова Шапка

Воздухот во затворен простор е 5 до 10 пати позагаден од надворешниот – Прочистувачите за воздух се прва одбрана од загадувањето во домот