Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)

Foto2 2 scaled.jpg

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани,  потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

Со овој Меморандум се воспоставува рамка за заедничка соработка со цел унапредување на капацитетите на институциите во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.


Соработката ќе се реализира преку поддршка на работната група формирана од Владата за воспоставување на механизам за проверка на странските директни инвестиции и на потесната работна група за подготовка на нацрт-законот во оваа област, како и преку учество на претставници во проектни активности, конференции и работилници. Дополнително, ИДСЦС ќе обезбедува стручна и експертска поддршка во подготовката на преговарачката позиција за Поглавје 30 – Надворешни односи, особено во делот за проверка на странските директни инвестиции и имплементацијата на законските решенија.

Меморандумот предвидува и заеднички активности за поддршка на спроведувањето на обврските од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024–2027, како и промовирање на придобивките од реформите пред јавноста и засегнатите страни.

„Европската интеграција е процес кој бара силни институции, транспарентни процедури и партнерства засновани на знаење и експертиза. Со оваа соработка го зајакнуваме мостот помеѓу креаторите на политики и експертската заедница, со цел побрза и поквалитетна интеграција во Европската Унија“, истакна министерот Муртезани

Можете да прочитате

Обвинителството нареди обдукција – семејството не дозволи, девојчето од Тетово погребано

ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

Македонски филм првпат на National Geographic: “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска го откупи светски познатата тв мрежа