Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и УКИМ

Potpishuvanje memorandum 5 1536x1024 1.jpg

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и нашата најстара и најреномирана високообразовна установа, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Потпишувањето на Меморандумот ја потврдува заедничката определба на Министерството и Универзитетот за поврзување на културата со образованието, теоријата со практиката, академското знаење со институционалниот развој.


Со овој меморандум отвораме пат за истражувања, анализи, размена на искуства, како и за реализација на заеднички проекти. Во тој контекст сакам да потенцирам дека Министерството е отворено за академската заедница – не како набљудувач, туку како рамноправен партнер во градењето на културна политика заснована на знаење и анализа. Воедно сакам да нагласам дека овој документ е дел од нашата поширока стратегија за професионализација на културниот и туристичкиот сектор и зголемена вклученост на младите во културните процеси“, рече Љутков.

Министерот Љутков изрази уверување дека ова партнерство ќе даде конкретни резултати, а потпишувањето на Меморандумот ќе биде почеток на една нова и значајна етапа во развојот на културната и образовната политика во Република Македонија.

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип