Утрински Весник
Скопје

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел

Kostovski.jpg

Ве известуваме дека денес (23 март 2026 год.) градоначалникот Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника.

Предизборното ветување на градоначалникот се исполнува. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел.


Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении.

Новата поликлиника ќе биде изградена на местото на старата амбуланта и ќе обезбеди полесен и побрз пристап до здравствени услуги за сите граѓани. Во новиот објект ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека.

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Општина Илинден потпиша договор за реализација на проект со бизнис секторот од стопански комплекс „Илинден“