Утрински Весник
Македонија

Потоп во Македонија – УХМР соопшти каде наврна најмногу

Dozd.jpg

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за измерените врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Најмногу воден талог, 22 литри на квадратен метар, е регистриран во Лазарополе.

Според мерењата на УХМР во 7 часот за наврнат воден талог во деноноќие, 8 литри на квадратен метар се измерени во Маврови Анови, 7 во Пожаране, 6 на Попова Шапка, пет литри во Тетово, четири во Крушево, два во Скопје–Зајчев Рид и еден литар во Скопје-Петровец и Струмица.


Утрово најниска температура од 4 степени е измерена во Берово, 5 во Струмица, 9 степени во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, Тетово, Крушево и Маврови Анови, 10 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Гевгелија и Лазарополе, 12 во Прилеп, 13 степени во Битола и Виница, 14 во Демир Капија, Велес и Штип.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ