Утрински Весник
Спорт

Потер живее тешки денови на „Стемфорд бриџ“

Потер живее тешки денови на „Стемфорд бриџ“

Менаџерот на Челси, Грем Потер, живее тешкo овие денови на „Стемфорд бриџ“. Тој се најде на удар на удар на фановите по поразот од Манчестер Сити со 0:4. Во последните осум натпревари, Челси победи само еднаш и тоа предизвикува гнев кај навивачите.

dobivaj vesti na viber

„Ова е најтешката работа во фудбалот. Мораме да се стегнеме заедно, да покажеме дека сме силни и повторно да го градиме она што го нема. Од самиот почеток знаев од каде дојдов и дека сето ова ќе биде многу тешко. Предизвикувачки и стимулирачки , но и многу тешко“, изјави Потер кој наскоро би можел да биде и отпуштен.

Челси вечерва игра против Фулам во Премиерлигата, а на последниот натпревар навивачите го скандираа името на поранешниот тренер Томас Тухел.

„Ја разбирам фрустрацијата на навивачите, но ја ценам и нивната поддршка. Искрено, сѐ што се случува, секој наш пораз многу ме боли, страдам и јас, но и моето семејство. Колку и да се трудам да го сокријам тоа, после загубен натпревар јас не сум многу пријатна личност за друштво. Сето тоа влијае на моето семејство“, истакна Потер.

Смена на Питер исчекува Маурисио Почетино кој е проектиран како негов наследник за клупата на Челси.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност