Утрински Весник
Спорт

Потер смирен и покрај големите потреси во Челси

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Ss2

Новиот менаџер на Челси, Греем Потер, вели дека не му е проблем да работи и покрај големите промени во клубот, каде што новите американски газди продолжуваат со детаљните промени по купувањето на клубот од Роман Абрамович.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа што потрошија над 250 милиони фунти во летниот преоден рок, новите газди го отпуштија германскиот тренер Томас Тухел, а си заминаа и спортските и техничките директори, како и дел од медицинскиот тим. Потер, кој утре првпат ќе ги предводи „сините“ во меч од Премиер лигата (против Кристал палас) по неубедливото 1:1 реми со Ред бул Салцбург во Лигата на шампионите, останува смирен.

300x250 (7)

„Првата работа што ќе ја кажам дека промените се добри, лоши и се предизвик, сите тие работи заедно. Поважно е како ќе се справиш со нив, како ќе работиш. Сите знаат што се случи со сопственичкиот состав на тимот, со нов тренер, со нови луѓе. Тоа е дел од животот. Ресурсите и историјата не ви гарантираат ништо во оваа лига. Има многу клубови што потрошија многу пари и не ги остварија посакуваните цели. Не можам да ја сменам перцепцијата на луѓето, туку само да се фокусирам на следниот меч и на следниот тренинг“, вели Потер.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Ирански ММА борец удри ринг-девојка, потоа доби ќотек и внатре и надвор од кафезот

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“