Утрински Весник
Спорт

Потер: Челси е голем предизвик за секој тренер

Потер: Челси е голем предизвик за секој тренер

Англискиот премиерлигаш Челси отвора нова ера, со Грем Потер на кормилото на тимот. Еден од најнадежните стратези на Островот доби петгодишен договор и ќе се обиде да испише историја на „Стемфорд бриџ“.

dobivaj vesti na viber

Тој доаѓа од Брајтон со кој имаше одличен почеток на сезоната, а сега фановите на Челси очекуваат да продолжи во ист стил и во Лондон.

„Челси е нов голем предизвик за мене, а ова дефинитивно е возбудлив почеток. Клубот има сопственик кој ме импресионираше со визијата што ја има за наредниот период. Ќе се обидам да дадам свој печат и среќен сум што ќе работам со една многу талентирана група фудбалери. Ќе се обидеме заедно да формираме еден победнички тим“, изјави Потер.

Можете да прочитате

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона