Утрински Весник
Магазин

Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица

20240516125424 Big 730x400 20.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Туристите во делови на островите Мајорка и Ибица ќе се соочат со високи казни за пиење алкохол на улица, откако властите на Балеарските Острови на Шпанија ги заострија законите, инаку првпат воведени во 2020 година.

Покрај забраната за алкохол на улица, новите правила им налагаат непродавање алкохол доцна навечер. Засилени се и контролите на платформите за забави. Имено, туристите може да бидат казнети со 750 – 1.500 евра доколку нивното пиење на јавно место „го нарушува соживотот или мирот“ во животната средина. За посериозен прекршок, има и казни од 1.500 до 3.000 евра.

Правилата се применуваат во три одморалишта на Мајорка – Лукмајор, Палма и Калвија, како и Сан Антонио на Ибица.

Забраната важи за една морска милја (1,85 км) од брегот за сите овие дестинации, а на бродовите за забава им е забрането да се приближуваат и им е забрането да земаат или оставаат патници во овие области. Исклучок каде што може да се пие на улица се терасите на баровите или рестораните, или другите области каде што тоа е дозволено со закон.

Продавниците кои нудат алкохол ќе мора да затворат меѓу 21:30 и 8:00 часот. 

Можете да прочитате

Со пешачење до прочистување на организмот по празниците

Опасности од комбинирање на лекови со пијалаци: Зошто е важно да се користи само вода

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година