Утрински Весник
Македонија

Последен ден од мандатот на Бежоска – се очекува избор на нов гувернер

Angelovska Bezhoska.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова наскоро треба да го достави предлогот за нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Мандатот на актуелната гувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска, истекува утре, но согласно законските прописи, таа ќе продолжи да ја извршува функцијата сè до изборот на нејзин наследник од страна на Собранието.

Во изјава дадена вчера, претседателката посочи дека е блиску до конечната одлука, но не откри конкретно име:
„Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Сметам дека треба да се разговара со сите потенцијални кандидати – да се слушнат нивните мислења за работата и за други кандидати. Би сакала да има повеќе избор, но тоа не е секогаш возможно.“


Иако официјалната одлука сè уште не е објавена, според неофицијални информации, како најсериозни кандидати се споменуваат самата Ангеловска-Бежоска, Трајко Славески – професор на Економскиот факултет, и Зоран Ставрески – поранешен министер за финансии.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува новиот гувернер да биде фигура на стабилност и економски развој:
„Да почекаме да видиме кој ќе биде предлогот доставен во Собранието од Кабинетот на претседателката.“

Анита Ангеловска-Бежоска е на чело на Народната банка од 22 мај 2018 година. Претходно, функцијата ја вршеа Димитар Богов (2011–2018), Петар Гошев (2004–2011), Љубе Трпески (1997–2004) и Борко Станоевски (1986–1997). Одлуката на претседателката, која се очекува наскоро, ќе биде клучна за континуитетот и насоката на монетарната политика во земјата.

Можете да прочитате

Нов министер за здравство ќе има следната недела, таа позиција останува во „Вреди“, вели Мицкоски

Ристоска бара извинување од Латас, ја клеветел и напаѓал поради нејзината кандидатура во ЕСЧП

Каква младина имаме: Свирепо мачен штрк во Гевгелија, од Анима Мунди бараат итна реакција од надлежните институции