Утрински Весник
Македонија

После неколку обиди, сега е време за една изборна единица

Ivan Anastasovski.jpg

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски

Идејата за една изборна единица е политички и изборен модел според кој целата територија на нашата држава ќе се смета за една целина при избор на претставници во парламентот, наместо како до сега да се дели на повеќе изборни единици, каде партијата поставува свои кадри без оглед на нивниот политички, општествен и професионален бекграунд. Деновиве е актуелна темата за воведување на една изборна единица за парламентарни избори кај нас во Македонија, каде веќе има поднесено предлог измени на Изборниот законик од страна на две помали политички партии, а за жал овој предлог како и секогаш во минатото зависи од вољата на големите политички партии.


Според мое мислење ваков изборен модел со една изборна едница ќе даде можност за претставување на помалите политички партии во парламентот како многу понезависни од големите партии, но во исто време ќе отвори поголема можноста за промоција и на независни парламентарни листи кои ќе бидат силен одраз на гласачкото тело во пармалентот, но и многу поголрема контрола на Владата оти ние сме сепак парламнетарна демократија и парламентот е тој кој треба да ја има главната улога. По однос на овој предлог убаво е да се слушне дека владиното мнозинство на чело со Премиерот Мицковски има позитивен став кон ова прашање, иако Премиерот Мицковски со право поставува услов со гласање на нашата дијаспора. Она што е позитивно во овој предлог е тоа што дава можност за отворени листи со што бирачите ќе може да го закружат својот фаворит ако го имаат на листата од потребниот број на кандидати, додека потенцијалните кандидати за пратеници во таков случај нема да мора да стремат да бидат во горниот дел од листите, туку може да се најдат на било која позиција а при тоа да имаат можност да бидат изберени а не да бидат само спотери и декор на листити. Сегашниот изборен модел дава предност на партиските елити кои си осигуруваат мандат со позиционирање на првите места.

Претпоставка моја е дека основната идеја на овој предлог е да се укине постоечкиот систем со 6 изборни единици и сите пратеници бројка од 120 да се избираат од целата државна територија, врз основа на пропорционален изборен модел, и сето ова би имало за цел да обезбеди поголема правичност и еднаквост на гласот (секој глас да вреди исто, без разлика од каде доаѓа), подобро претставување на малите партии, подобро претствување на етнички и регионални заедници во државата, намалување на можноста за манипулации со изборни единици , како и поттикнување на листите и кандидатите да нудат национални програми наместо локалните интереси, сепак се работи за државни политики и државно ниво и за тоа многу е важно кого избираме и зошто го избираме.

Кои би биле предностите а кои недостатоците на моделот на една изборна единица.

Ако тргнам првин од предностите тоа би значило дека би имало поголема застапеност на помалите партии во пармалентот, исто така би имало потранспарентни изборни резултати а со самото тоа и помала изборна манипулација, и тука може да се стави аргументот на  Премиерот околу можноста за вклучување во изборниот процес на само на дијаспората туку и на маргинализирани групи под еднакви услови. Од друга страна, можни недостаоци за овој изборен модел би биле намалување на локалната застапеност, страв од тоа да цели региони би можеле да останат без свој претставник во парламентот како и потенцијално зголемување на партиската фрагментација. Па оттаму потребата од измена на Изборниот законик бара широка политичка согласност особено од голмите политички партии кои барем досега декларативно беа за оваа идеја но суштински секогаш знаеја како умешно да ја задушат оваа идеја.

Затоа, како можни решенија за оваа идеја е тоа што партиите ќе имаат обврска да кандидираат географски избалансирани листи, апсолутно стојам зад идејата околу можноста за отворени листи, каде ние гласачите ќе избираме кандидати а не само политичка партија и дилемата е околу тоа дали изборниот праг да биде со 3 или 5 проценти за влез во парламентот со што би се избегнала можноста за премногу фрагментиран парламентарен состав. Според мене сега е моментот да оваа идеја конечно биде изгласана во парламентот со што ќе се има можност да се припреми целиот изборен процес за наредните парламентарни избори кои се за 3 години или ако во случај мнозинството одлучи да има предвремени парламентарни избори да може да се стигнат тие рокови но не пред 2026 година. И конечно, би сакал да видам силна и широка општествена акција во насока на  поддршка на оваа законско решение се со цел да го намалиме партиското влијание во парламентот и да му дадеме шанса на личноста наспроти партизираноста.

Можете да прочитате

„Можеби ќе беше жив“ – татко обвинува за негрижа во болницата во Кавадарци

По 35 години постоње згасна „Макпримат“

Владата ќе организира дебата за Кочани