По елиминацијата на првиот носител Рафаел Надал, од Австралија опен испадна и вториот носител, Каспер Руд. Норвешкиот тенисер во второто коло загуби од Американецот Џексон Бруксби со 3:1 во сетови (6:3, 7:5, 6:7, 6:2).
Бруксби, 39. играч на АТП листата, за три часа и 55 минути дојде до победа над треторангираниот светски тенисер.
Бруксби го доби првиот сет со два брејка во седмиот и деветтиот гем. Руд беше првиот што направи брејк во вториот сет, но веќе во следниот четврти гем Бруксби стигна до израмнување.
Сетот беше решен во 12. гем, кога американскиот тенисер искористи брејк топка. Руд се повреди во текот на вториот сет, но и по медицинската помош се движеше лошо низ теренот.
Бруксби имаше водство од 5:2 во третиот сет, а во деветтиот гем имаше три меч топки на свој сервис. Сепак, Руд успеа да го продолжи дуелот, а потоа во тај-брејк го искористи четвртиот поен за освојување на сетот (7:4).
Четири брејка беа забележани во четвртиот сет, од кои три направи Бруксби за да се пласира во третото коло, каде го чека сонародникот Томи Пол, кој го победи Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 3:2 (6:2, 2:6, 6: 7, 6:3, 6:4).