Утрински Весник
Економија

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Поскапуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за еден денар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ. 

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, 77 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС – 98, а по 69,50 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство.


Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,533 денари за килограм и килограм ќе чини 39,945 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 отсто во однос на одлуката од 28 јули 2025 година.

Можете да прочитате

Миноски: Македонија структурно ранлива во новата светска економска игра

Протест на ССМ на 28 јануари

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс