Утрински Весник
Економија

Поскапува бензинот 98, дизелот со иста цена

Benzinska pumpa.jpg

Од ноќеска на полноќ, моторниот бензин Еуросупер БС – 98 ќе поскапи за два денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со ова, новата цена на 98-октанскиот бензин ќе изнесува 85,5 денари за литар. Во меѓувреме, цените на останатите горива остануваат непроменети. Литар Еуросупер БС – 95 и понатаму чини 83 денари, дизелот се продава за 79,5 денари за литар, маслото за горење – 76,5 денари за литар, а мазутот 40,732 денари по килограм.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот