Утрински Весник
Македонија

Поскапе пајак-службата во Центар

Поскапе пајак-службата во Центар

Од денес за 1.000 денари е поскапа казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираа од претпријатието.

dobivaj vesti na viber

„Цените на пајак-службата не се сменети 10 години, а поскапени се горивото, сервисот и деловите за возилата. Исто така, зголемен е и бројот на непрописно паркирани возила во градот. Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата, казната сега ќе биде 3.500 “, велат од ПОЦ.

Истовремено, во Зона 1 сервисните и станбените улици во секторот Дебар Маало, секторот Парк и секторот Буњаковец цената за 1 час паркирање поскапува од 60 на 70 денари.

Можете да прочитате

Врховен суд ќе одлучува дали Жаклина Доведен ќе биде изземена од случајот со петгодишното дете

Камион усмрти пешак на регионалниот пат Градско – Велес

Ниеден од 13те полицајци обвинети за ,,Пулс” не призна вина