Утрински Весник
Балкан

Посилен земјотрес ја стресе границата меѓу Турција и Грција

Zemjotres2.jpeg

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи ноќеска на границата меѓу Турција и Грција, во близината на Фетије, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил почувствуван на грчкиот остров Родос.


Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри, североисточно од Родос.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC,
земјотресот бил почувствуван и во блиските турски крајбрежни градови, а многу луѓе биле разбудени од силниот потрес.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Можете да прочитате

Бугарија: Заглавениот танкер „Каирос“ кај Ахтопол стабилен, нема податоци за загадување на морските води

Драма во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)

Во Белград протест пред Уставниот суд