Утрински Весник
Скопје

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради Задушница 

Soobrakajna policija 9 bg resize.jpg

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 09.03.2024 (сабота) поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска”, лево по ул.„Александар Урдаревски”, лево по ул.„Боца Иванова” и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова”, до кружниот тек на ул.„Бутелска”, па лево по ул.„Бутелска” и десно по ул.„Кемал Сејфула”.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем