Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради велосипедска трка

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради велосипедска трка

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (сабота) со почеток од 15.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Трасата на движење ќе започне на ул.„Димитрије Чуповски“ кај „Порта Македонија“, право по ул.„11 Октомври“ кон зградата на Собранието до крстосницата со ул.„Филип Втори Македонски“, па лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до „Порта Македонија“, каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до крстосницата со ул.„Даме Груев“ кај ТЦ„Палома Бјанка“ и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до стартно/целната позиција.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Можете да прочитате

Мециновиќ гостин на иницијативата „12:05“: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ

Тешка сообраќајка во Струшко, повредени три лица

Николоски: Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш во поодбрување на инфраструктурата, подршката за општините продолжува